Рамос не одбил понуда од Реал Мадрид затоа што не добил такво нешто!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос уште не е сигурен чиј дрес ќе го носи од следната сезона.

Рамос има договор со „кралевите“, кој трае до крајот на сезоната, а последните месеци многу се шпекулираше за неговата иднина.

Се појавија информации дека Реал му нуди нов двегодишен договор со намалена плата, како и дека Рамос не прифатил таква понуда.

Меѓутоа, шпанските медиуми објавија дека Рамос не одбил понуда затоа што не добил никаква од Мадрид.

Желбата на Рамос е да остане во Мадрид, но очигледно Реал уште не реши што ќе прави со него, а наводно во следните денови се очекува епилог.