Надал ќе се откаже од Австралијан опен? Болките биле неподносливи, се бара решение!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Настапот на Австралијан опен на Рафаел Надал засега не е познат. Шпанецот по последната мината пречка на првиот гренслем-турнир во сезоната кажа дека болките во грбот се силни.

Желбата да се освои 21. гренслем-трофеј во кариерата е голема бидејќи така ќе стане прв тенисер кој стигнал до таа бројка, но повредата на грбот му ги расипува плановите.

Надал се прошета во првите две рунди, а по триумфот против Мајкл Мох откри дека бара решение за болката во грбот и сега не се чувствува најдобро.

„Не, искрено, болката не е под контрола. Ако сте виделе, мојот сервис е различен, но барам решение секој ден. Се трудам да го пронајда. Секако, подготовките во последните 15 дена не минаа идеално, но овде сум. Победивме два меча без ниту еден загубен сет“, вели Надал.