Ангеловски потврди: Договорот ми е продолжен до крајот на ЕП!

Игор Ангеловски ја однесе Македонија на првото Европско првенство (ЕП) со триумфот против Грузија на крајот на 2020 година.

Македонската јавност изврши голем притисок врз Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и на крајот Ангеловски доби договор до завршување на ЕП.

Ангеловски даде интервју за „Сител“ дека неговиот договор е продолжен до 31 јули 2021 година, па не се знае дали ќе остане и после тоа.