Милан во дербито против Интер остана без еден од најважните фудбалери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан ќе биде ослабен во дербито против градскиот ривал Интер, кое се игра в недела од 15 часот.

„Росонерите“ синоќа одиграа 2-2 против Црвена Звезда во првиот меч од нокаут-фазата на Лига Европа, но останаа без Исмаел Бенасер, кој повторно е повреден.

Бенасер во 39. минута го напушти теренот, а можеше да се забележи дека е повреден и на негово место влезе Сандро Тонали.

Бенасер ќе го пропушти дербито против Интер и тоа е голем проблем за „росонерите“ во дербито на сезоната.

Милан го пречекува дербито со Интер од второто место и има еден бод помалку од градскиот ривал.