Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данил Медведев за малку повеќе од два часа игра во полуфиналето на Австралијан опен го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3-0 во сетови (6-4, 6-2 и 7-5).
Рускиот тенисер уште еднаш покажа во каква форма се наоѓа и без проблеми дојде на чекор од титулата на отвореното првенство во Австралија.
На патот до финалето на првиот гренслем во сезоната на своите противници им остави само два сета, и тоа на Филип Крајиновиќ од Србија, а во недела ќе се бори за титулата со Новак Ѓоковиќ.
Финалето се игра во недела од 9.30 часот, а останува да видиме кој ќе ја освои титулата.