Реал Мадрид вечерва ќе излезе во состав кој тешко дека ќе заигра повторно заедно


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва игра на гости против Ваљадолид во мечот од 24. коло во шпанската Ла Лига.

Тренерот Зинедин Зидан има големи проблеми затоа што листата со повредени е огромна, а нема да може да смета ниту на Карим Бензема.

Покрај Бензема, надвор од теренот се Азар, Марсело, Карвахал, Милитао, Рамос, Родриго, Валверде и Одриозола.

„Марка“ пишува дека Реал вечерва ќе излезе во терен кој веројатно никогаш повеќе нема да биде заедно на теренот.

За Реал се очекува да настапат Куртоа, Лукас, Варан, Начо, Менди, Касемиро, Модриќ, Крос, Асенсио, Винисиус и Дијаз.