Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер славеше во големото градско дерби против Милан со 3-0, па така му избега на ривалот во трката за титулата во Серија А.
Со оваа победа „нероаѕурите“ се одлепија 4 бода зад најблискиот конкурент и направија голем чекор напред кон Скудетото.
Интер одлично го отвори мечот и поведе уште во 4-та минута со голот на Лаутаро Мартинез, после одличната асистенција на Лукаку.
Во првите 15-ита минута доминираа „нероаѕурите“, а потоа Милан се „освести“ и создаде неколку шанси. Тео Хернандес шурираше покрај голот, а Чалханоглу не успеа да искористи добра шанса.
Во вториот дел „росонерите“ тргнаа жестоко и имаа три фантастични шанси, но Хандановиќ врати со три неверојатни одбрани.
Милан играше напаѓачки и остави голем простор, па Интер тоа го искористи со две контри. Најпрво Лаутаро зголеми на 2:0, а Лукаку стави точка на мечот за конечни 3:0.