Червар: Не ми е јасно, како? Знам дека Златко не беше болен…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Златко Сарачевиќ почина минатата ноќ откако му се слошило додека бил во неговиот автомобил, по што реагирала брзата помош, но без успех.

Поранешниот југословенски и хрватски ракометар почина од срцев удар, а поранешниот тренер на Металург, Лино Червар беше изненаден од веста.

„Не ми е јасно, навистина, јас сум во шок. Знам дека не беше болен, не ми е јасно. Тој беше пример за тренерите, спортското однесување, олимписки победник, беше и мој помошник во 2018 година. Тој беше голем човек. Никогаш не би кажал лош збор за него. Знам дека не беше болен…“, вели Червар.