Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на праг да испише историја и да го урне легендарниот Роџер Федерер од врвот на светскиот тенис.
Ѓоковиќ ја почна неговата 310. недела на врвот на АТП-листата и така се израмни со Федерер. Сепак, тој рекорд набрзо ќе падне.
Србинот на 8 март ќе го премине Федерер на врвот и ќе остане сам на вечната листа, а таму ќе се задржи сигурно уште некое време.
Со тоа српскиот тенисер докажа дека е најдобар во историјата и сега ќе нападне и други рекорди, кои сигурно ќе сака да ги постави, а еден од нив е бројот на освоени гренслем-титули.