Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ игра одлично во НБА-лигата, а една негова сликичка од дебитантската сезона беше продадена за рекордни четири милиони долари, што е многу повеќе од највисоката цена достигната за кошаркарска сликичка.
Дончиќ ги урна претходните рекорди на Мајкл Џордан и Јанис Адетокумпо од деби-сезоните. Трета на листата беше сликичката на Џордан од Олстар натпреварот во 1992 година, која достигна цена од 1,4 милиони долари.
Оваа картичка е втора највредна во историјата на сите спортови, а рекордот го држи бејзбол легендата Мики Мантл од 1952 година со 5,2 милиони долари.