Пресврт во ситуацијата со Погба: Французинот сака да остане на „Олд Трафорд“


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Пол Погба, наводно, не размислува повеќе за трансфер и е подготвен да остане на „Олд Трафорд“, барем така пишуваат англиските медиуми.

Французинот беше во одлична форма пред да се повреди и смета дека треба да остане во Манчестер јунајтед, па повеќе не размислува за трансфер.

Погба веќе неколку години се поврзува со заминувње од Манчестер јунајтед, но пред две години по неговиот потпис не тргна Реал Мадрид и пропадна идејата да се пресели во Шпанија.

Францускиот репрезентативец сега е подготвен да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ бидејќи сегашната соработка му завршува во 2022 година.