Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Реал Мадрид се плаши дека ќе го загуби својот капитен Серхио Рамос, кој има договор до крајот на сезоната и поради тоа ќе се обиде да му понуди фер услови.
Преговорите меѓу Рамос и Реал имаа неколку неуспешни епизоди, но сега „кралевите“ не се откажаа и планираат да му дадат солидни услови.
„АБЦ“ објави дека Рамос добил нова понуда од „кралевите“, а таа гласи 12 милиони евра до 2022 година, а потоа нови преговори со капитенот.
Засега нема одговор од Рамос, а според медиумите, тој има голем број понуди кои се подобри од оваа на Реал, па може слободно да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Една добра вест за навивачите е тоа што рехабилитацијата на Рамос оди подобро од тоа што докторите прогнозираа, па се очекува да се врати во тимот на 16 март.