Милевски: Со Ангеловски немаме преголема соработка, комуницираме само службено


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Благоја Милевски, селекторот на фудбалските репрезентативци до 21 година, кажа дека со предводникот на првиот тим Игор Ангеловски комуницира само службено.

Конкретно Милевски го посочи случајот со Дарко Чурлинов кого тој го смета за лидер на новата генерација, додека кај сениорите кога е повикан не добива или добива мала минутажа.

„Со Ангеловски немаме некоја преголема соработка, комуницираме службено. Ние имаме големи концепциски разлики. Комуницираме во интерес на ФФМ и македонскиот фудбал. Јас не се согласувам со тоа Милевски да шета од една во друга селекција, а уште помалку за фудбалер кој треба да биде носител на оваа селекција, додека во А тимот би пополнил бројка или добие 5-10 минути. Според мене подобро е постојано да игра за У21 ако не е планирано да има поголема минутажа кај сенирите. Отворено побарав Дарко Чурлинов да биде дел само од оваа генерација затоа што тој е носител на играта. Ќе кажам уште еднаш не сум за фудбалерите да шетаат по селекциите. Приоритет е А тимот ако надежите немаат квалификации, но приоритет е и еден млад фудбалер ако не добива шанса во А-тимот пда остане во својата генерација, особено ако е лидер на таа генерација. Никој нема бенефит од шетањето на играчите“, изјави Милевски.