Гвардиола се изнервира: Ќе постигнеме 18 голови против Саутемптон!

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се изнервира по едно прашање на новинарите пред натпреварот против Саутемптон во Премиерлигата.

Саутемптон беше прегазен пред неколку меча со 0-9 од Манчестер јунајтед, па Гвардиола доби прашање дали очекува сличен резултат.

„Да, ќе им дадеме 18 голови. Какво ти е тоа прашање? Мислите ли дека ова е шега? Јунајтед постигна девет гола, но 88 минути играше со фудбалер повеќе. Ајде ве молам да бидеме сериозни…“, кажа Гвардиола.

Натпреварот меѓу „граѓаните“ и Саутемптон ќе се одржи утре со почеток од 19 часот.