Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јоаким Лев по 15 години ја напушта клупата на германската репрезентација, и тоа по завршувањето на Европското првенство кое ќе се одржи летово.
Почна веднаш да се шпекулира кој ќе го замени, но Германија веќе доби неколку „корпи“. Јирген Клоп не сака да биде сега селектор, Ханси Флик сака да работи во Баерн Минхен, Штефан Кунц нема доволно искуство…
Се споменуваше и Ралф Рагник, но сега се вмеша и поранешниот тренер на Партизан од Белград, а тоа е Лотар Матуес.
„Зошто нов селектор да не биде Лотар Матеус? Го гледаме постојано на телевизија, коментира натпревари и може да се каже дека ги погодува. Човекот има 150 натпревари со репрезентацијата“, кажа поранешен фудбалер на Баерн Минхен.