Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дони Ван Де Бек не се прилагоди во екипата на Манчестер јунајтед, каде што пристигна од Ајакс минатата година и се очекуваше да биде големо засилување.
Ван Де Бек не ги исполни очекувањата на премиерлигашот, па затоа не добива голема минутажа кај Оле Гунар Солскјер и сега сака да си замине.
Репрезентативецот на Холандија побарал состанок со раководството на тимот, на кој ќе побара да го пуштат да си замине од „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ за неговите услуги платија 40 милиони фунти, па останува да видиме дали Манчестер ќе го продаде и за колку пари.