Две промени кај ракометарките за натпреварот против Литванија

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за баражот за пласман на Светското првенство (СП).

Македонските ракометарки одиграа одличен меч против Исланд и тргнаа со триумф, а сега им е потребна и победа против Литванија за да обезбедат пласман во баражот.

Селекторот на Македонија, Симе Симовски направи неколку промени во репрезентацијата пред натпреварот со Литванија. На мечот ќе заиграат Марија Тасевска и Милица Николиќ, кои доаѓаат на место на Андреа Седлоска и Ангела Јанкуловска.

Македонија утре ќе игра против репрезентацијата на Грција.

Извор: РФМ