Трајковски постигна два гола против Лихтенштајн и го мина Христов на вечната листа 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Александар Трајковски влезе во добра форма, откако два меча по ред се запиша во листата на стрелци на македонската фудбалска репрезентација.

Трајковски во првиот меч погоди против Романија (2-3), додека во вториот дуел со Лихтенштајн постигна два гола.

Македонскиот напаѓач така стигна до бројката од 18 погодоци, со што го мина легендарниот Ѓорѓи Христов на втората позиција на вечната листа со стрелци на Македонија.

На првата позиција се наоѓа Горан Пандев, кој има двојно повеќе голови од Трајковски, односно 36.