Баерн Минхен остана без Левандовски за дуелите против ПСЖ!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Роберт Левандовски на денешните медицински прегледи дозна дека ќе мора да паузира најмалку четири недели од фудбалските терени, а тоа е огромен проблем за Баерн Минхен.

Левандовски го истегна лигаментот на десното колено и поради тоа ќе мора да паузира. Повредата ја заработи во натпреварот против Андора. По тој дуел полскиот голгетер веднаш се врати во Минхен каде што беше прегледан од докторскиот тим на Баерн.

Деталните прегледи беа направени денес и по истите се потврди дека ќе мора да пропушти неколку натпревари во германското првенство. Со ова се намалени шансите да го сруши рекордот по бројот на голови во една сезона во Бундеслигата кој го држи Герд Милер.

Левандовски нема да му биде на располагање на Баерн за натпреварот против Лајпци во Германија како и во четвртфиналните дуели во ЛШ против ПСЖ. Очекувањата се да се врати за првиот натпревар во полуфиналето, секако ако Баерн го помине ПСЖ.