Гундоган: Македонија само двапати дојде пред нашиот гол и тоа беше доволно за да победи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија синоќа славеше против Германија со 2-1 во Дуисбург во квалификациите за Светското првенство (СП) 2022 во Катар.

Илкај Гундоган постигна гол за Германците од пенал, но тоа не беше доволно за позитивен резултат на неговата репрезентација.

Гундоган на прес-конференцијата кажа дека Германија не смее вакви работи да си дозволи и порача дека Македонија победила, иако само двапати влегла во нивниот казнен простор.

„Ова не смееше да се случи. Имам чувство дека Македонците два пати дојдоа до нашиот гол и два пати погодија. Не смеевме да дозволиме да постигнат голови толку лесно, од друга страна направиме неколку шанси, но не успеавме да реализираме. Сите знаеме дека не смееме да си дозволиме пораз против ваков противник“, кажа Гундоган.