Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол за победа против Германија во Дуисбург (2-1), па уште еднаш го потврди неговиот квалитет.
Елмас веќе две сезони го носи дресот на Наполи, кој го плати 16 милиони евра плус бонуси, но Македонецот не добива доволно голема минутажа.
Менаџерот на Елмас, Џузепе Гарди по вчерашниот меч вели дека Наполи дури сега ќе разбере каков дијамант има.
„Наполи има дијамант во екипата и дури сега ќе го разбере тоа. Елиф е млад играч, а веќе е еден од лидерите во македонската репрезентација и плус дава голови. За него се лицитира со 30-40 милиони евра, но верувам дека Наполи има голем играч кој ќе се наметне и тоа за брзо време. Елиф е среќен во Наполи, а има и договор до 2025 година“, вели Гарди.