Венгер најави: На СП ќе имаме автоматски офсајд!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Арсенал, а сега човек задолжен за напредок на фудбалот во ФИФА, Арсен Венгер верува дека судиите ќе имаат полесна работа на Светското првенство (СП) во Катар.

Судиите на СП ќе имаат систем кој автоматски ќе јавува дали фудбалерот е во недозволена ситуација.

„Верувам дека системот ќе биде подготвен за 2022 година. Автоматски офсајд значи дека помошниот судија ќе добива знак на часовникот дали станува збор за офсајд. Во моментов фудбалерите често чекаат дали ќе биде досуден офсајд или не. Се чека 70-80 секунди, а некогаш и повеќе за да се процени“, вели Венгер.