Рамос: Реал Мадрид ќе освоеше повеќе трофеи ако Меси не беше во Барселона!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос призна дека неговиот тим ќе освоел повеќе трофеи ако Лионел Меси не настапувал во дресот на Барселона.

Искусниот дефанзивец освои четири трофеи во Лигата на шампиони (ЛШ), како и пет титули во шпанската Ла Лига, а Меси во истиот период освои четири трофеи во ЛШ и дури 10 во шпанското првенство.

„Настрадавме од Меси во претходните сезони. Можеби ќе имавме повеќе трофеи, ако Барселона го немаше Меси. Имавме голем тренер како Мурињо, но сепак ни беше тешко да победуваме. Не освојувавме многу титули и ни создадоа притисок, со кој моравме да се бориме постојано“, вели Рамос.

Во моментов за трофејот во Ла Лига се борат Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид.