Иниеста се восхитува од играта на тројца фудбалери


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Магионичарот на Барселона во средниот ред Андрес Иниеста  е еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

    Иниеста е мајстор во пас играта и многумина сметаат дека можеби и најдобар играч за врска кој некогаш играл. Сепак, дури и Иниеста е импресиониран од тројца играчи за врска, а меѓу останатите и членот на Реал, Лука Модриќ.

    „Играчи за врска на кои се восхитувам се Лука Модриќ, Давид Силва и Коке“, рече Иниеста па потоа порача дека би сакал во Барселона да остане до крајот на кариерата.

    „Сакам да останам до 2018 година, уживам и многу сум среќен. Не знам дали ќе дојде на мене ред да потпишам нов договор, тоа ќе морате да ги прашате челниците на клубот“, порача тој.