Мбапе им кажал на главните луѓе во ПСЖ каде сака да игра следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот талентиран фудбалер Килијан Мбапе постојано се поврзува со заминување од ПСЖ, со кој има договор до 2022 година и нема да го продолжи.

Светските медиуми пишуваат дека Мбапе ќе си замине уште летово од Париз, а како негова следна дестинација се споменува тимот на Реал Мадрид, кој ќе понуди 150 милиони евра за негов потпис.

„Кадена Сер“ пишува дека Мбапе им кажал на главните луѓе на ПСЖ дека сака да ја продолжи кариерата во Мадрид, каде што ќе пристигне како огромно засилување.

Реал Мадрид долго време го сака потписот на Мбапе, но не успеа досега да го добие, па ова лето е нивна шанса за тоа, додека ПСЖ ќе има последна можност да заработи нешто од негов трансфер.