„Мурињо силно сакаше да седне на клупата на Ливерпул“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Португалскиот стручнак Жозе Мурињо беше многу блиску до клупата на Ливерпул.

    Беше тоа во 2004 година, а судејќи според зборовите на поранешниот фудбалер на Редсите Дени Марфи, Мурињо силно сакаше тоа да се случи, но челниците на Ливерпул на крајот го избраа Рафа Бенитез.

    „Рафаел Бенитез работата во Ливерпул ја доби во 2004 година, беше меѓу него или Мурињо. Знам со сигурност, Мурињо силно ја сакаше работата во Ливерпул“, рече Марфи и додаде:

    „Ливерпул го избра Бенитез бидејќи во сезоната порано го освои Купот на УЕФА и шпанската лига со Валенсија. Мислам дека такво нешто има многу подобри отколку што тоа Мурињо го направи во Португалија. Знам дека Мурињо беше разочаран. И мене од се тоа ми се гади бидејќи дојде Бенитез кој не ме сакаше. Ми гади од се бидејќи да дојдеше Мурињо, можеби ќе останев во Ливерпул“,

    Да потсетиме дека Муриео на крајот заврши во Челси, а се останатото е историја.