Ристовски: Знаеме кој е Виљареал, но мотив во борбата ни е пласман во полуфинале!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски утре заедно со Динамо Загреб ќе се соочи против Виљареал во четвртфиналето на Лига Европа.

Динамо Загреб го загуби првиот меч со 0-1, па хрватскиот гигант има тешка задача во реваншот за да го елиминира шпанскиот тим.

„Наш најголем мотив е победа која треба да ни донесе полуфинале. Знаеме кој е Виљареал, ама и ние сме добра екипа. Мора да одиграме најсериозно и со ладни глави. Изгубивме на првиот меч со 0-1, но во Шпанија нема да се браниме“, вели Ристовски.

Освен Ристовски, во мечот се очекува да настапи и Аријан Адеми, кој заработи повреда на претходниот меч, но очигледно ќе се рехабилитира до четврток.