Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Томас Тухел заедно со Челси вечерва се избори за финале во ФА Купот, откако го совлада Манчестер ситис со 1-0 во полуфиналето, а така продолжи со одличните резултати.
Тухел постави неверојатни рекорди откако пристигна во Лондон, а за само 81 ден минат на кормилото тој успеа да ги надмудри Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Диего Симеоне, Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, а притоа не прими ниту еден гол против нивните тимови.
Тренерот на Челси стана прв германски стратег, кој изборил финале во ФА Купот, а оваа вечерва му беше и прва победа против Гвардиола во шест досегашни меѓусебни средби.
Исто така, Челси на 14 од 19 натпревари нема примено гол на кои ги предводеше Германецот.