УЕФА се смилува? Нема да ги исфрли Суперлигашите од ЛШ и Лига Европа!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пет членови од Суперлигата кои и понатаму се во игра за европски трофеј ќе останат без казна, барем така објави шпанска „Марка“.

УЕФА размислуваше да ги исфрли Реал Мадрид, Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Арсенал од Лигата на шампиони (ЛШ) и Лига Европа, но сепак тоа нема да се случи.

УЕФА се закани со сериозни казни, но засега санкции нема да има затоа што натпреварувањата кои почнаа мора да се завршат до крајот.

„Марка“ објави дека во моментов нема повеќе информации кога ќе почне да важи одлуката за суспензија на фудбалерите од Суперлигата да не можат да заиграат за нивните репрезентации.

Главна причина за создавање на ваква лига се парите. Победникот од ЛШ добива 120 милиони евра, додека тој што ќе слави во Суперлигата ќе добие 400 милиони евра.