Револуција: УЕФА го претстави новиот формат на Лигата на шампиони!

Во ек на приказните за Суперлигата, која ќе биде составена од најбогатите тимови во Европа, УЕФА го потврди новиот формат на Лигата на шампиони.

Новиот формат на елитното натпреварување е прифатен и одобрен од страна на Извршниот одбор на УЕФА на денешната седница, а ќе важи од 2024/25 година. Ќе учествуваат по 36 тимови наместо досегашните 32.

Ќе се укине групната фаза и секој клуб ќе одигра најмалку 10 натпревари во заедничката лига. Најдобрите осум клубови ќе се борат во нокаут-фазата, која ќе почнува од четвртфинале.

Во новата ЛШ ќе се ограничат пет или шест екипи по држава, а дополнителни четири места ќе бидат одредени на следниот начин. Два тима влегуваат според листата со коефициенти на УЕФА, а еден дополнителен ќе биде од петто рангираната лига, а тоа е Лига 1, додека последното место ќе биде резервирано за најдобрата лига која нема претставник.