„Луѓе немаат пари за храна, а 12 гиганти ќе делат стотици милиони евра меѓу себе!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Суперлигата беше создадена пред неколку дена од страна на 12 гиганти, а веднаш јавноста почна да ја критикува.

Еден од фудбалерите кој не е задоволен со Суперлигата е Робин Госенс од Аталанта.

„Низ целиот свет луѓето немаат пари за храна, а овие 12 тимови решиле да направат сопствена лига со милијарди евра само за себе.Во фудбалот аутсајдерот има шанси да победи, вака на помалите клубови им се укинува таа шанса. Арсенал и Тотенхем без резултати влегуваат во таа лига и тука се губат темелите на фудбалот. Ова е против се што е фудбалот во неговата суштина. После ова фудбалот никогаш нема да биде ист, сите треба тоа да го сфатат“, изјави Госенс.

Од италијанската Серија А во Суперлигата ќе учествуваат Јувентус, Интер и Милан.