Лазаров го објави скратениот список со ракометари за Финска и Швајцарија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кире Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација, го објави скратениот список со ракометари за квалификациските натпревари со Финска и Швајцарија.

Македонија во рамки на ЕХФ-неделата ќе ги одигра последните натпревари од квалификациите за Европското првенство (ЕП), кое во 2022 година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Македонските ракометари најпрво ќе гостуваат кај Финска на 28 април додека на 2 мај ќе се пресметаме во Скопје против Швајцарија.