Зидан не се предава: Ништо не е готово, има уште многу да се игра до крајот!


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа одигра 0-0 против Бетис и се најде во лоша позиција, односно ги намали шансите да ја освои титулата. Атлетико, кој има два бода повеќе, гостува кај Атлетико, додека Барселона славеше против Виљареал со 2-1.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан смета дека не е уште ништо изгубено по новиот кикс на неговиот тим.

„Има уште многу да се игра во Ла Лига, а ние ќе се бориме до крајот“, кажа Зидан, кој е свесен дека „кралевите“ не се главни во шпанската лига.

Реал во вторник ќе игра против Челси во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) и има реални шанси да освои нова титула во Европа.

„Вистина е дека загубивме два важни бода, но мислам дека уште ништо не е целосно изгубено. Мора да продолжиме со борбата и да го освоиме првото место“, кажа Французинот.