Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил во јануари го напушти лондонски Арсенал и реши да ја продолжи кариерата во дресот на Фенербахче.
Озил по речиси осум години го напушти Арсенал, откако не беше во плановите на Микел Артета. Тој не одигра ниту минута цела година за Арсенал, па реши да го напушти клубот.
Поранешниот германски репрезентативец со Арсенал имаше договор до крајот на сезонава, според кој заработуваше по 350.000 фунти неделно, па јасно е зошто не сакаше порано да си замине.
Во јануари беше соопштено дека Арсенал и Озил постигнале договор за раскин на соработката, па тој како слободен фудбалер го засили Фенербахче.
Меѓутоа, ниту во Турција не му оди најдобро и одигра само седум меча за Фенербахче, па јасно е дека ќе му треба повеќе време да се врати во форма.
Сепак, интересно е тоа што Арсенал и Озил се договориле да го раскинат договорот, но премиерлигашот да му плаќа 90 проценти од платата до крајот на сезоната.
Arsenal are paying Mesut Ozil more than £315,000 a week not to play for them until the end of the season [Mail] pic.twitter.com/s6Yoa0e2Bm
— AFTV (@AFTVMedia) April 26, 2021