Поради неа сакаше да ја заврши кариерата, а вчера доби вести кои му го урнаа светот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин минатата година беше критикуван од навивачите на Јувентус поради тоа што пропушти голем дел од сезоната зашто беше во татковината.

Игуаин на почетокот на пандемијата замина во Аргентина и таму остана неколку месеци. Тој мина низ вистински пекол затоа што мораше да седи во Буенос Аирес поради тоа што неговата мајка Ненси беше болна.

Искусниот напаѓач објасни дека неговата мајка има рак и дека едноставно не можел да се фокусира на ништо други, а работата се искомплицирала дополнително со коронавирусот.

Ненси успеа да оздрави минатата година, а Игуаин во меѓувреме се пресели во Интер Мајами, но вчера фудбалерот доби вест која му го скрши срцето.

Аргентинските медиуми објавија дека Ненси ја загубила битката за својот живот и починала откако ѝ се влошила здравствената состојба.