Реал, Барселона и Јувентус нема да играат во ЛШ? УЕФА подготвува казна, има реакција и од екипите!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сите помислија дека конечно се смири ситуацијата околу проектот за европска Суперлига во која требаше да играат само богатите, но повторно следи потрес во европскиот фудбал.

Откако пропадна идејата на Александар Чеферин да ги убеди тимовите да не создадат такво натпреварување, УЕФА повторно им се закани на ривалите.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус не се откажуваат од идејата за Суперлига, зашто им требаат пари, но тоа може скапо да ги чини, односно да заработат суспензија од УЕФА.

УЕФА соопшти дека би можела да ги суспендира гигантите кои нема да се повлечат од Суперлигата на две години од сите европски натпреварувања.

Веднаш пристигна реакција и од трите клубови кои не се откажаа од идејата и порачаа дека и покрај притисокот и заканите ќе продолжат со реализирање на проектот.