Ноќ на рекорди: Вестбрук урна рекорд старт 47 години, Богдановиќ имаше свое шоу 🎥


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА-лигата беше испишана историја благодарение на одличниот настап на Расел Вестбрук, кој повторно оствари трипл-дабл, кој беше 182. во неговата кариера.

По 47 години Вестбрук го урна рекордот на Оскар Робертсон, а такво нешто му успеа откако постигна 27 поени, 21 асистенција и 13 скокови против Атланта.

Вашингтон визарс останува на 10. позиција на табелата, последната која води во плеј-ин, а поголем проблем од поразот им е повредата на Бредли бил, кој ќе го пропушти мечот против Атланта закажан за утре.

Атланта до триумф ги предводеше Јанг со 36 поени, 28 постигна Колинс, а Богдановиќ постигна 25 поени, пет скокови и четири асистенции.