Челси го продолжи договорот со играч кој за пет години не забележа ниту еден настап!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Иако не одигра ниту еден официјален натпревар за Сините, ова момче изгледа има бенифии бидејќи ги помина младите категории на Челси.

    Од островот стигна информација дека Тод Кејн потпиша нов, тригодишен договор со Челси.

    Првите реакции на јавноста на оваа вест во голема мера беа со потсмев бидејќи 23-годишниот десен бек нема ниту еден настап за Сините во кариерата.

    Откако е прекомандуван во првиот тим на Челси во 2011 година Кејн редовно беше проследуван на позајмици.

    Во летото е позајмуван на холандски НЕЦ Нијменген, а пред тоа како позајмен играч на Сините од западен Лондон настапуваше за Нотинген Форест, Бристол Сити, Блекбурн Роверс и Престон Норт Енд.