До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бастијан Швајнштајгер и Јаја Туре нема да играат во оваа сезона, а ќе заработат милиони.
Тие двајца се активни фудбалски легенди во своите земји, но во оваа сезона немаат среќа со тренерите кои ги исфрлија од прв план.
Јаја Туре и Бастијан Штајнштајгер позади себе имаат неверојатни кариери, заедно освоија 14 титули, две ЛШ, Светско првенство и Африкански куп на нациите.
Пеп Гвардиола нема да го става во првиот тим поради кавгата со неговиот агент, додека Бастијан Штајнштајгер едноставно не се наоѓа на списокот на Жозе Мурињо за оваа сезона.
До јуни 2017 година кога им истекуваат договорите, овие двајца ќе заработат огромни пари, а нема да одиграат ниту еден натпревар.
Двајцата имаат по 200 илјади неделна плата, што значи дека ќе заработат нешто повеќе од 10 милиони фунти поединечно, односно 20 милиони фунти заедно.
Ги заслужиле тие пари или не, фудбалот не е повеќе тоа што беше…















