Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан на крајот на сезоната планира да го напушти кормилото на Реал Мадрид без оглед на исходот во трката за титулата во шпанското првенство.
Зидан, наводно, е заинтересиран да го преземе тимот на Јувентус или француската репрезентација, а на неговото место во Мадрид се очекува да пристигне Масимилијано Алегри или Раул Гонзалес.
„Дејли Мејл“ објави дека Зидан таа одлука ја донел поради бурната сезона во Мадрид и планира да си замине по последното коло во шпаскиот шампионат.
„Кралевите“ и понатаму се во борба за титулата во Ла Лига, а дали ќе биде освоена до крајот на сезоната останува да видиме.
Зидан со Реал освои 11 трофеи, од кои три во Лигата на шампиони, но во овие моменти има проблеми со Марсело затоа што не сака да му даде шанса во мечот против Гранада.