Зидан е скршен физички и психички и затоа ќе го напушти Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан, наводно, ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната. Како што објави „Теле Мадрид“ легендарниот Французин реши да ги напушти „кралевите“ без оглед на резултатите до крајот на сезоната.

Реал Мадрид до крајот ќе се бори за трофејот во Ла Лига и тоа е единствен трофеј кој може да го освојат, но Зидан наводно веќе донел одлука дека заминува.

Одличниот 48-годишен стратег е изморен и физички и психички, па поради тоа решил да ги напушти „кралевите“.

Ова му е втор мандат на францускиот тренер на клупата на Реал Марид, а го почна во март 2019 година.

Сепак, за разлика од првиот (2016-2018) во кој освои три трофеи во Лигата на шампиони, Ла Лига, два УЕФА и шпански Суперкуп, односно Светско клупско првенство, овој пат освои само еден трофеј.