Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид следната сезона ќе ја почне со нов тренер откако Зинедин Зидан најави заминување од клупата на шпанскиот гигант.
Во Мадрид веднаш почнаа шпекулации за тоа кој ќе го наследи Французинот, а „Марка“ објави листа од три имиња кои ќе бидат главни кандидати за наследник на францускиот тренер.
„Марка“ пишува дека во моментов во најдобра позиција е Раул Гонзалес, кој работи во младинскиот тим на „кралевите“, додека алтернативите се од Германија и Италија.
Раул е подготвен за преземање на тимот, но Масимилијано Алегри и Јоаким Лев исто така имаат одлична шанса за да го преземат тимот.
Алегри е слободен веќе две сезони и трпеливо чека своја шанса, иако се шпекулираше дека ќе се врати во Јувентус, додека Лев бара клупски ангажман откако долго време ја предводеше Германија.