До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кај селекторот на Аргентина Едгардо Бауза нема пардон кога е во прашање Барселона и нејзината слава, веќе го истакува се она што и го мисли.
Бауза смета дека исклучителен виновник за честите повреди на Лионел Меси е неговиот матичен клуб, и дека Барселона е виновна поради што тој не игра баш најдобро за репрезентацијата, односно не е во состојба да одигра поради бројните повреди кои се предизвикани во намерите во каталонскиот гигант.
„Од Барселона секогаш ни порачуваат дека мораме да водиме сметка за Меси, но тие тоа не го прават. Чудно е што го користеа во сите мечеви во последно време“, рече Бауза, и додаде:
„Сметаме дека три недели се премалку за неговото опоравување на препоните. Сеуште не сме разговарале со Меси, но сакаме да дознаеме колку е повредата сериозна. Барселона ни ги закомплицира работите“.















