Динамо Загреб го освои Купот во Хрватска, гол и асистенција за Адеми! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб во неверојатен меч со девет голови ја совлада Истра (6-3) и го освои Купот на Хрватска, а македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа дел од финалето.

Екипата на македонските фудбалери по првото полувреме имаше водство од 3-0, а Адеми притоа постигна гол и асистенција, но во вториот дел Истра се врати и имаше негатива од 2-3 и 3-4, ама немаше и сила за пресврт.

Динамо со два гола во финишот од натпреварот ја потврди победата и го освои трофејот во Купот.