Зидан никогаш не му прости на Перез и поради тоа ќе си замине од Реал Мадрид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендарниот Зинедин Зидан реши да го напушти Реал Мадрид. Тој му соопшти на раководството на гигантот дека заминува од клубот и неговата одлука е конечна.

Шпанските медиуми пишуваа долго време за заминувањето на Зидан, а на крајот тоа и се случи, а претседателот Флорентино Перез немаше шанси да ја промени неговата одлука.

Медиумите пишуваат дека Зидан никогаш не му простил на Перез за неговиот испад во јавноста на крајот на минатата година. Тогаш претседателот јавно кажа дека 48-годишниот стратег ќе добие отказ, ако екипата испаднеше во групната фаза од Лига на шампиони.

Поради тоа Зидан не сакал да остане повеќе на кормилото на Реал Мадрид, а како потенцијални замени се споменуваат Масимилијано Алегри, Антонио Конте и Раул Гонзалес.