Официјално: Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европските медиуми објавија дека Зинедин Зидан решил да го напушти Реал Мадрид, а сега пристигна и официјална потврда од клубот.

„Кралевите“ објавија соопштение преку кое порачаа дека Зидан повеќе нема да им биде предводник.

„Реал Мадрид објави дека Зидан реши да го напушти тренерското место. Ја почитуваме неговата одлука и благодарни сме на професионализмот и посветеноста во минатото. Зидан е легенда на тимот и тоа ќе биде така и понатаму. Реал Мадрид секогаш ќе биде нов дом“, соопштија од тимот.

Ова на легендарниот француски тренер му беше втор мандат на клупата на Реал, а го почна во март 2019 година.