Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Масимилијано Алегри ќе стане нов тренер на Јувентус по две години, а ќе го замени Андреа Пирло, кој заработи отказ по само една сезона на тренерското место.
Алегри со Јувентус договорил четиригодишен договор вреден 36 милиони евра, а се очекува овој експерт да има многу поголема улога во создавањето на тимот.
Италијанецот ќе донесе голем број промени во екипата за следната сезона, а „Скај Италија“ пишува дека во составот место нема да има за Кристијано Роналдо.
Алегри не го гледа Роналдо во екипата за следната сезона, а планира да ја гради иднината околу Пауло Дибала.
Одличниот тренер беше на кормилото на Јувентус од 2014 до 2019 година, а освои 11 трофеи во тој период и играше две финалиња во Лига на шампиони.