Стадионите во Македонија се отвораат со 30% од капацитетот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Владата на Република Македонија реши да се отвори Националната арена „Тодор Проески“ со 30% од капацитетот за пријателскиот меч меѓу Македонија и Словенија, а министерот за здравство, Венко Филипче најави и нови мерки.

Филипче во новите мерки соопшти дека има предлог да се дозволи на сите натпревари кои ќе се играат да има капацитет до 30%.

„Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот“, стои во објавата на Филипче.

Ова значи дека и за натпреварот против Казахастан кој се игра три дена подоцна ќе биде дозволен влез на околу 10.000 навивачи.