Лестер – Враќање во реалноста?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    После сезоната од соништата, актуелниот шампион на Премиер лигата доживеа болен удар во новата сезона.

    Најнов претрпеа денеска на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед, каде што веќе во првото полувреме мораа дури четири пати да ја вадат топката од мрежата.

    Конечните 4:1 за Јунајтед го означија веќе третиот пораз на Лестер во новата сезона, колку што тимот на Раниери доживеа во целата сезона, шампионската сезона.

    Да потсетиме, Лестер во минатата сезона загуби од Арсенал  2:5 (26 септември 2015), од Ливерпул 0:1 (26 декември 2015) и од Арсенал 1:2 (14 февруари 2016).

    Во оваа сезона беа доволни само шест премиерлигашки мечеви за Лестер да го израмни бројот на порази со тие од минатата сезона, а на ова го додаваме и неуспехот во Лига купот против Челси (2:4).

    Засега, утеха за навивачите, „Лисиците“ е убедливиот старт во ЛШ…