Почна распадот во Интер: Си заминува еден од најдобрите фудбалер!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер по 11 години пауза го освои Скудетото, но јасно е дека во клубот владее тешка финансиска ситуација.

Интер успеа да ја запре доминацијата на Јувентус, која траеше девет години, па конечно стана шампион на Италија, а веднаш потоа почна распадот на тимот.

Навивачите беа изненадени кога пред неколку дена Антонио Конте замина од кормилото на клубот.

Конте и Интер се разделија затоа што стратегот е незадоволен од амбициите на раководството за новата сезона.

Италијанските медиуми пишуваат дека еден од првите фудбалери кои ќе си заминат е Ашраф Хакими, кој минатото лето пристигна од Реал Мадрид за 45 милиони евра.

Хакими одигра 37 меча сезонава, а притоа постигна седум голови и 10 асистенции, па најверојатно од следната сезона ќе игра во екипата на ПСЖ.